Роналдо замина во пензија
15.02.2011 14:07
| KumanovoNews
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Роналдо вчера објави дека ја завршува својата богата спортска кариера.

Не можам повеќе. Главата сака, но телото веќе не трпи - изјави 34 годишниот фудбалер.
Луис Назарио де Лима Роналдо беше 3 пати прогласуван за најдобар играч на светот(1996, 1997 и 2002), освои 13 клубски трофеи и 2 пати беше светски првак со Бразил.
Го носеше дресот на Крузеиро, ПСВ, Барселона, Интер, Реал, Милан и Коринтианс.
Играчот чиј прекар беше „Феномен“, беше поздравен од денешните големи играчи, а клубовите каде настапувал едногласно објавија - „Горди сме што те имавме“