×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово, шампионот и освојувач на Купот, само со една ракометарка во репрезентацијата

    22.11.2021 10:21 | Стефан Николиќ

    Голманката Марија Јовановска е единствената ракометарка која е повикана во ЕХФ репрезентативната недела, додека како резервни ракометарки од ЖРК Куманово на списокот се најдоа Јована Кипријановска и Наташа Нолевска.

    Куманово, шампионот и освојувач на Купот, само со една ракометарка во репрезентацијата Фото: https://macedoniahandball.com.mk/

    На списокот не се најде ниту кумановската Александра Боризовска, која моментално настапува за тимот на Умаг - Хрватска, а предходно речиси редовно беше дел од женското репрезентативно друштво. 


    Собирот е закажан за денеска во хотелот Александар Палас, а за подготовките се за два контролни натпревари против репрезентациите на Србија кои ќе се одиграат во сабота и понеделник во Стара Пазова. 


    ЖРК Куманово ќе продолжи со натпреварите по репрезентативната пауза, каде што ќе гостува на тимот на Деспина. Во досегашниот дел од сезоната, Куманово има 10 победи во одиграни 10 натпревари.