×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Шампионот на Австрија е првиот противник на КК Куманово во Фиба Европа Купот

    20.08.2021 11:52 | Стефан Николиќ

    Кошаркарите на Куманово ги започнаа подготовките за новата сезона, а вчера и официјално го добија првиот противник во квалификацискиот турнир за пласман на Фиба Европа Купот. 

    Шампионот на Австрија е првиот противник на КК Куманово во Фиба Европа Купот

    Австрискиот Сванс Гмунден е првата екипа против која Куманово ќе треба да забележи победа за да се квалифицира во следното коло. Тимот од Австрија е актуелен освојувач на домашното првенство, а вкупно има освоено пет титули. 


    Во второто коло победникот од овој дуел го пречекува тимот на Донар Гронинген од Холандија. Минатата сезона овој тим заврши како третопласиран во домашното првенство. 


    Дури и со победа над овие две екипи, Куманово сеуште нема да биде пласирано во групната фаза од оваа натпреварување. Во финалето на квалификацискиот турнир ќе го очекува победникот од натпреварот помеѓу Бенфика од Португалија и Волунтари од Романија. Бенфика сезоната ја има завршено како четвртопласирана, додека романскиот тим е актуелен освојувач на Купот и стигнал до полуфиналето во регуларната сезона. 


    Доколку триумфира на сите три натпревари, куманово во регуларната сезона ќе игра во групата Ц, против Парма од Русија, Хирос ден Бош од Холандија и Опава од Чешка.


    Квалификационите турнири ќе се одиграат од 28.септември до 1.октомври.