Шарапова се откажа од УС Опен
22.08.2013 07:46
| KumanovoNews
Русинката Марија Шарапова одлучи да го откаже настапот на последниот Грен слем турнир УС Опен, кој започнува во понеделник.
Само сакам да ве известам дека повлекувањето од УС Опен беше многу тешка одлука. Направив се што можев по Вимблдон за да се опоравам, но едноставно немаше доволно време-истакна Шарапова на својата Фејсбук страница.
Руската тенисерка само неколку дена претходно на Флорида започна постапка за промена на нејзиното презиме во Шугарпова, презиме кое би се користело само на овој турнир како рекламна кампања на нејзината колекција на гумени бомбони, но сега сето тоа пропадна.
Таа беше трета носителка на овој Грен слем, а со нејзиното откажување тенисерките кои се зад неа ќе се искачат за едно место на листата на носителки.

