Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кошаркарскиот клуб Партизан од Белград, одкако се соочи со повреди на клучните играчи и високото темпо на натпревари, реши да се засили со НБА играчот Саша Павловиќ.
Според српските медиуми, Партизан и Павловиќ веќе го оствариле првиот контакт, па овие денови се очекува конечна разврска околу овој трансфер. Павловиќ е сеуште без ангажман, па веројатно преку белградскиот клуб ќе се обиде да ја врати својата кариера на „старите патеки“.
Павловиќ потекнува од екипата на Будуќност, а 2003 година замина во најсилната лига во светот, каде што настапуваше за повеќе екипи. Најголемиот успех го има постигнато со Кливленд, кога заедно со Леброн Џејмс загубија во големото финале.