Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициската асоцијација ИПА Куманово, вчера организираше Меморијален шаховски турнир „Мартин Петковски“ во Куманово.
Тој веќе традиционално по трет пат се организира во чест на нивниот прерано починат колега и член на управниот одбор на здруженоието.
„Се додека постоиме ние, Мартин ќе биде во нашите срца и во нашите мисли, секогаш ќе го одбележуваме овој ден“, истакна Горан Маневски, претседател на ИПА Регион Куманово.
На натпреварувањето учествуваа шахисти од Прилеп, Струмица, Скопје, како и Лесковац и Косовско Поморавље од Србија.
Првото место освои Миодраг Ѓоковиќ од ИПА Лесковац, кој ја однесе победата и на последните два турнира. Второ место освои Васе Аризаноив од Струмица, а на тертото место се пласираше Влатко Арсовски од Скопје.
Победниците добија пехари, дипломи и вредни награди, со напомена следната година од Лесковац да пратат друг натпреварувач, како и локалните шахисти би имале шанса. Присутните полицајци имаа можност за дружење, размена на искуства и идеи и потсетување на работата и ангажираноста на Петковски во рамките на службата и ИПА организацијата.
Ревијално едне меч одиграа и Сергеј Петрушевски и Лука Николовски, мали надежи на шаховскиот спорт.
На турнирот присуствуваа членови на семејството, и бројни колеги на Мартин Петковски.