×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се одржа Турнирот во пинг понг „Куманово 2021“

    07.11.2021 08:22 | Сузана Николиќ

    Во спортската сала во Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово, вчера се одржа традиционалниот Турнир во пинг понг за ветерани и млади надежи „Куманово 2021“, по повод 11 Ноември Ден на ослободување на Куманово.

    Се одржа Турнирот во пинг понг „Куманово 2021“

     Турнирот е во организација на Пинг понг клуб „Куманово“ и Општински сојуз на спортови во Куманово.

    „Во мошне интересни натпревари кај ветераните најдобар беше Сашо Стојановски од ППК „Работнички“, втор е Милан Петрески од ППК „Вардар“  а трет е Сашо Љамов од ППК „Телеком Нец“. Кај кадетите првото место му припадна на Андреј Васевски од ППК „Куманово, втор е Андреј Стојановски од ППК „Крива Паланка“, а трет и четврти се Ведран Рангелов и Глигор Доневски од ППК „Куманово“,  истакна координаторот на турнирот Мики Трендафиловски. 

     Турнирот го отвори претседателот на Пинг понг клуб „Куманово“ Зоран Петрушевски. Спортската манифестација се одржа со почитување на сите потребни мерки и протоколи за заштита од ковид-19, со ограничен број на учесници, поради пандемијата.