Селекција на најдобри фудбалери во Куманово
10.06.2015 11:23
| KumanovoNews
Фудбалскиот клуб Куманово Еуроспорт - Вардар на 20 и 21 јуни ќе врши селекција на најдобрите фудбалери во Куманово и регионот.

Настанот ќе се одржи на фудбалските терени во Доброшане. Сите заинтересирани фудбалери родени 2000 година и помали можат да учествуваат на оваа селекција.
Натпреварите ќе бидат надгледувани од поранешните фудбалери Саша Ќириќ и Горан Георгиевски, претставник на ФК Вардар и Куманово Еуроспорт.