×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Семинар на бразилскo Џиу џицу во Куманово

    15.05.2014 09:58 | KumanovoNews

    Овој викенд во салата на ОУ Браќа Миладиновци, по втор пат ќе се одржи семинар на бразилска Џиу-џица во Куманово.

    Семинар на бразилскo Џиу џицу во Куманово

    Бразилското Џиу-џицу е вештина која настанала од јапонскиот џиуџицу и џудо. Попозната е како техника на улична борба, и е составен дел од обуката на секој професионален борач.

    Во организација клубот The Strongest & Roots BJJ од Куманово, во недела со почеток во 11 часот во салата на ОУ Браќа Миладиновци ќе се одржи семинар на оваа тема.

    Предавач на овој семинар ќе биде Ивица Алексовски, претседател на македонската федерација за бразилска џиу-џица, и човек кој го има највисокиот појас за овој спорт во Македонија. Најавени се гости речиси од цела македонија, па ги повикувам сите љубители на овој спорт да го посетат семинарот во недела - изјави Мартин Стефановски, тренер и претседател на клубот во Куманово.

    Цена за учество на семинарот е 300 денари.