Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Американската тенисерка Серена Вилијамс на турнирот во Истанбул ја одбрани титулата на ВТА турнирот и докажа дека е најдобриот тенисер во светот.
Серена во финалето славеше со 2:1, против На Ли од Кина.
Откако првиот сет го загуби со 6:2, во вторите два сета беше убедливо подобра и ја совлада тенисерката На Ли со 6:2 и 6:0 во решавачкиот трет сет.
На Ли во моментот се искачи на третото место на ВТА ранг листата.
За Серена Вилијамс оваа беше шеста победа во Истанбул со вкупно 11 сезонски титули или вкупно 57 во нејзината тениска кариера.