×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Серена Вилијамс падна пред Азаренка

    19.08.2013 07:06 | KumanovoNews

    Со пресврт од 2:6/6:2/7:6 Белорусинката успеа да ја освои третата титула оваа сезона.

    Серена Вилијамс падна пред Азаренка

    Да се победи Серена Вилијамс е тешко, но да се победи на американска територија, на тврда подлога, тоа е ѓаволска задача. Сепак, Викторија Азаренка одговори на предизвикот и ја победи најдобрата на светот со 2:6/6.1/7:6 во финалето во Синсинати.

    По првиот сет не се чинеше дека Азаренка може да направи пресврт, или уште повеќе дека Серена Вилијамс може да ја загуби контролата над случувањата на теренот. Но, не само што успеа да се врати, туку Белорусинката го сврте мечот, и тоа благодарение на истрајноста.

    Круцијален момент беше финишот на третиот сет, кога порпушти сервис и ја остави Серена прва да го удира топчето со водство од 5:4. Сепак, успеа да се врати, а тоа како да ја разниша дополнително и онака нервозната и уморна Серена Вилијамс. На крајот од мечот имаше вкупно 49 неизнудени грешки и само 59 проценти уфрлен прв сервис.

    Ова беше втора победа за Вика во третиот дуел против Вилијамс оваа година. Првиот дојде во финалето во Доха, во февруари, кога ја освои втората титула од трите оваа сезона или 19 во нејзината кариера.

    Многу сум возбудена што се вратив да играм. Последните неколку месеци беа тешки, имав неколку повреди, но еве го моето враќање назад. Првпат играм вака добро во Синсинати и затоа среќна сум што можам да го поделам овој момент со сите вас-се обрати Азаренка на публиката по завршувањето на финалето.