Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На стадионот на Башкими во Куманово се одигра натпреварот помеѓу екипите на Шкендија и Вардар, каде што Шкендија триумфираше со резултат 3-2.
Тимот од Тетово поведе во 11.минута од натпрварот преку Жуниор а го зголеми водството преку Вручина кој од пенал погоди за 2-0. Во меѓувреме беше исклучен Ашковски и Шкендија повеќе од 75 минути играше со фудбалер помалку.
Ибричиќ успеја да го намали резултатот пред екипите да заминат на полувреме, а по паузата Глигоров го изедначи резултатот на 2-2.
Бразилецот Виктор Нилдо Јуфо постигна гол со кој го постави конечниот резултат 3-2 на натпреварот.
Со оваа победа Шкендија ја намали предноста на Вардар пред Работнички на три бода. Овие две екипи ќе се сретнат во следното коло.