×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Со победи ја почнаа сезоната кумановските ракометарки и фубалери, ракометарите потфрлија

    16.09.2024 11:27 | KumanovoNews

    Заслужена победа остварија ракометарките од Куманово на отворањето на сезоната, откако во првото коло беа слободни. Ја совладаа екипата на „Пелистер“ од Битола, додека нивните колеги од машкиот клуб изгубија во последната минута од натпреварот против „Прилеп“ со гол разлика.

    Со победи ја почнаа сезоната кумановските ракометарки и фубалери, ракометарите потфрлија

    И Градскиот фудбалски клуб Куманово оствари победа на гостински терен над тимот на „Аеродром 2018“ од Скопе, во Трета лига Север. За кошаркарите и од машкиот тим на МКК Куманово и за женските сезоната започнува во октомври.

    Женскиот ракометен клуб Куманово победнички ја отвори сезоната 2024/2025 со победа над тимот на „Пелистер“ и резултат од 29:26. Конечниот резултат и не беше изненадување, на полувремето кумановки заминаа со 7 гола во позитива. Во второто полуврем и покрај напорите на гостинската екипа од Битола, кумановки не дозволија изненадување. Најефикасни на домашниот тим беше Мила Трајковиќ со седум погодоци,  шест постигна Сузана Зечевиќ, по пет запишаа Нена Нестороска и Сара Цветановска. Следниот натпревар ЖРК Куманово го игра во Свети Николе, против екипата на ЖРК „Овче поле СУ“.

    Машкиот ракометен клуб Куманово изгуби во последната минута- во последните два напади прими 2 гола за пресврт на резултатот во корист на гостинската екипа на РК Прилеп. Натпреварот бил неизвесен и борбен, резултатската предност често се менувала во корист на едниот или вториот тим, за на крај прилепчани да стигнат до посакуваните два бода на табелата. Ова е втор пораз на МРК Куманово во првите две кола од првенството. Следниот натпревар се игра викендов во кавадарци против екипата на Градскиот ракометн клуб „Тиквеш 2014“.

    Екипата на Фудбалскиот клуб „Башкими 1947“ веќе има одиграно три натпревари во Втората фудбалска лига на Македонија. На последниот натпревар против „Работнички“ од Скопје извојува победа од 1:0, со гол на Аган Сулимани. Кумановските второлигаши имаат растечка патека на табелата, со две победи и еден пораз, имаат и еден гол позитивна разлика и вкупно 6 поени на табелата. Аспирациите за ова сезона се да се искачат што повисоко на табелата, на која моментално се на 6-то место.

    Градскиот фудбалски клуб Куманово ја започна сезоната со победа на гости против екипата на Фудбалскиот клуб „Аеродром 2018“ од Скопје. Натпреварот заврши со резултат  2:3, победа до која дошле од како уште во третата минута примиле гол. Но, подоцна со борбена и зрела игра успеале да го свртат резултатот во своја корист. Израмнувачкиот поен бил даден по досуден пенал, вториот автогол на домашниот фудбалер, а во 79 минута Тодоровски забележал погодок, за сигурно водство од 2 гола. Разликата е намалена откако попуштила концентрацијата на играчите на ГФК Куманово. Следниот натпревар кумановци го играат на домашен терен, во недела против екипата на БВК.

    Кошаркарската натпреварувачка сезона започнува подоцна, првите натпревари се закажани за 5 октомври. По распоредот тимот на Младинскиот кошаркарски клуб Куманово ќе гостува на тимот на „ТФТ“ од Скопје, а женскиот клуб „Куманово Гризли“ првиот натпревар треба да го игра на 12 октомври, сабота. И кошаркарките ја започнуваат сезоната со настап на гостински терен, гостуваат на екипата на „МЗТ Скопје“.