Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановскиот клуб за бразилска Џиу џица, Стронгест енд Рутс Куманово настапи на меѓународен турнир каде успеја да освои два медела.
Кумановскиот тим настапи со три борци. Мартин Стефановски кој е и тренер во клубот, Никола Петрушевски и Стефан Лучиќ. Стефановски освои бронза во категоријата до 70 килограми, а Петрушевски се закити со сребрен медал во категоријата до 88 килограми.
Со оглед на тоа дека имавме кратко време за припреми за овој силен турнир, остваривме супер резултати и мислам дека има добра иднина за овој спорт во Куманово. Сакам да напоменам дека турнирот беше одлично организиран и спроведен од страна на претседателот на македонската федерација за бразилска џиу џица, Ивица Алексовски, имаше многу силна конкуренција и одлични борби - изјави Мартин Стефановски, тренер на клубот.
Тој додаде дека овој спорт станува се попопуларен меѓу кумановци, а клубот забележува успеси на секој турнир. Учество земале околу 130 борци, од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Хрватска.
Пред две недели учествувавме на борби во затворен кафез без кимоно во Велес, каде што се вративме со три медали. Јас освоив злато во категоријата до 70 килограми, а Петрушевски со злато во категоријата до 88 килограми и бронза во апсолутна категорија. Продолжуваме со напорната работа, и се надеваме на поголеми успеси на следните натпреварувања. - заклучи Стефановски.