Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобриот аргентински кошаркар, Ману Џинобили нема да ги брани боите на Аргентина, на овогодинешното Светско првенство во Кошарка, кое ќе се игра во Шпанија.
Управата на актуелниот шампион, Сан Антонио Спарс одлучи дека е премногу ризично да игра на првенството поради напукнувањето на една коска на десната нога, поради што му е речено да паузира околу два месеци.
Аргентина е во групата Б со Хрватска, Сенегал Порторико, Филипини и Грција, а првенството започнува на 30.август.