Тајлер Хајнс е нов играч на Куманово
14.08.2014 10:06
| KumanovoNews
КК Куманово продолжува со промовирањето на новите засилувања. Денешниот ден започнува со промоција на Тајлер Хајнс.

Трендот кој е последните години присутен во Европската кошарка, да играчи „под 2 метра“ играат на центарските позиции очигледно оваа сезона пристигнува во Куманово.
Хајнс игра на позицијата крилен центар и е висок 198 центиметри. Тој доаѓа од тимот на Перистери од Грција. Во неговата колеџ кариера настапувал за универзитетот „УМЕС“, каде што е забележан како еден од најдобрите скокачи кои настапувале за овој универзитет.
Инаку, Тајлер Хајнс е брат на познатиот американски кошаркар Кајл Хајнс кој настапува во ЦСКА Москва.