Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Капитенот Тодор Гечевски на синоќешниот дуел против екипата на Партизан постигна вкупно 29 индексни поени и се пласираше помеѓу петте најкорисни играчи во 18. коло од АБА лигата.
Капитенот на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје одигра цели 27 минути на паркетот и заврши со дабл-дабл ефект со 19 поени и 13 скокови.
Оваа е трет пат за Гечевски во сезоната да биде на листата на ТОП 5 играчи во АБА лигата.
„Металците”славеа на гости кај бранителот на титулата Партизан со 73:66 (13:14, 18:20, 21:18, 21:14).
Македонскиот шампион со овој триумф им се реваншираше на „црно – белите “за поразот на првиот натпревар на домашен терен (70:69).