×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тодоровиќ ќе го предводи Куманово на мечот од сеозната

    09.05.2014 10:34 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово утре во 19 часот го играат мечот на сеозната, против тимот на Кожув.

    Тодоровиќ ќе го предводи Куманово на мечот од сеозната

    После инцидентот против тимот на Работнички, изречени се казните на кошаркарите кои учествуваа во инцидентот. Урош Луковиќ нема да може да настапува на утрешниот меч, додека еден меч суспензија доби и тренерот на Куманово Љубисав Луковиќ, па утре тимот ќе биде предводен од помошниот тренер Страшо Тодоровиќ.

    Куманово против Кожув го игра најбитниот меч во сезоната. За пласман во Плеј-оф завршницата, кумановчани треба да забележат две победи во двете кола до крајот на првенството.

    Куманово игра во последното коло против Струмица каде смета дека ќе забележи победа, а во последното коло ќе зависи и од поразот на тимот што ќе загуби од утрешниот меч помеѓу Лирија и Работнички. Во последното коло ќе се сретнат со двете првопласирани екипи на табелата, Кожув односно МЗТ Скопје.