×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тодоровиќ: Куманово има сила за Плеј-оф

    27.03.2015 14:05 | KumanovoNews

    Кошаркарите на Куманово како четвртопласирана екипа во првиот дел од првенството се подготвуваат за Супер-лига, во која ќе играат најдобрите шест екипи од Македонија.

    Тодоровиќ: Куманово има сила за Плеј-оф

    Тренерот на екипата Страшо Тодоровиќ во разговор за КумановоЊуз, направи осврт на досегашниот дел од сезоната, за резултатите во БИБЛ и домашното првенство.

    Генерално можеме да бидеме задоволни од настапите во регионалната лига. Системот на натпреварување е лош во БИБЛ лигата, и Куманово со 10 победи и само 4 порази неможе да игра полуфинале. Од друга страна бевме навистина блиску во натпреварот против Рилски, меѓутоа овој двомеч го изгубивме во Самоков. Имавме многу лош пристап на натпреварот во Бугарија, примивме многу поени и тоа на крај не чинеше полуфинале - изјави тренерот Тодоровиќ.

    Оваа година се пренесуваат бодовите од Прва лига, па така МЗТ Скопје влегува како првопласиран со 28 бода, Работнички и Карпош Соколи се на втората односно третата позиција со 27 бода, Куманово и Фени се на четвртата односно петтата позиција со 26 бода и Кожув како шести има 25 бода на табелата. Куманово првиот натпревар го игра против Карпош Соколи во недела, на гостински терен. Тодоровиќ истакна дека киксот во Штип ги чини донекаде поповолна позиција на табелата, меѓутоа тие бодови се надохнадени подоцна со победата на Фени.

    Со подршка на публиката како во последните натпревари, сигурно дека на секого ќе му биде тешко да победи во Куманово. Кумани ни се вистинска подршка, и дури патуваа со нас и на натпреварите во БИБЛ лигата. Ние сметаме дека можеме да ги добиеме сите натпревари на домашен терен, и во тој случај би биле најмалку четврти на табелата. Специфична е Супер-лигата, секој натпревар практично е дерби, и можат да се случат многу изненадувања - додава Тодоровиќ.

    До почетокот на Супер-лигата завршува преодниот период, така да ростерот на екипата останува ист. Филиповиќ има повреда на коленото и за недела дена ќе се врати во составот.

    Мандиќ: Цел ни е конечно да бидеме четврти

    Покрај тренерот Тодоровиќ, свое видување за досегашните резултати и следните натпревари дадоа Бранислав Ѓекиќ, Вукашин Мандиќ и Саша Аврамовиќ кои потврдија дека се целосно фокусирани на Супер-лигата, и за прв пат Куманово да се пласира во Плеј-оф разигрувањето.

    Несмеевме да изгубие од Штип, МЗТ Скопје можевме да го добиеме на домашен терен, имаме квалитет да бидеме веднаш зад МЗТ и Работнички, меѓутоа тоа е тоа. Мене искрено многу ми е жал за натпреварот против Рилски, мислам дека можевме да играме финале на БИБЛ, меѓутоа натпреварот во Самоков премногу не чинеше. Сега сме фокусирани на домашното првенство каде што сакаме за прв пат Куманово да го внесеме во Плеј-оф - изјави Вукашин Мандиќ.

    Бранислав Ѓекиќ верува дека тимот има квалитет за Плеј-оф, играчите се во форма и има одлична атмосфера во тимот пред почетокот на предпоследната рунда од првенството. Аврамовиќ прецизираше дека секој натпревар ќе биде тежок.

    Нема лесни натпревари во оваа фаза од првенството. Тешко е да се победи било кој тим два пати по ред, посебно што веќе игравме со сите екипи во првиот дел од првенството. Распоредот е небитен, бидејки секој натпревар ќе биде тежок - заклучи Саша Аврамовиќ.