Топ 5 потези во првиот ден од Евробаскетот
05.09.2013 08:38
| KumanovoNews
После првиот ден од Европското првенство во кошарка се избрани најдобрите потези според ФИБА.

Помеѓу петте најдобри не се најде никој македонски репрезентативец, иако и дискутабилен е изборот на ФИБА во селекцијата на најдобрите потези.
Еден од примерите е сензацијата на денот, потегот на украинскиот репрезентативец Џетер, кој донесе и победа во последните секунди од натпреварот, но тоа не беше доволно тој да обезбеди место меѓу најдобрите 5.