×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три македонски екипи во СЕХА

    05.08.2013 07:36 | KumanovoNews

    Зомимак М и Пелистер се сериозни кандидати да им се приклучат на Вардар и Металург во СЕХА лигата ако Борац Бања Лука не обезбеди пари за опстанок.

    Три македонски екипи во СЕХА

    Македонија во третата сезона може да има три екипи во Регионалната ракометна СЕХА лига, можност, која најмногу зависи од опстанокот на Борац Бања Лука. Босанскиот првак е во долгови од речиси милион евра, нема екипа, нема управа ниту тренер и деновиве треба да се направи одбор за спас кој за две недели мора да најде решение.

    Во СЕХА лигата не сакаат толку да чекаат бидејќи сезоната треба да почне на 7 септември и до средината на август треба да се решат сите проблеми, за да се знае кои екипи ќе играат.

    Зомимак М од Струмица, како третопласирана во ланското првенство, како и битолски Пелистер се споменуваат како екипите што би требало да бидат македонските кандидати за пополнување на местото. Но, за истото место ќе конкурира и хрватски Пореч, третопласираниот тим, кој беше зад Загреб и Нексе.

    Ние сме заинтересирани за играње во СЕХА лигата, а тоа му го кажавме и на претседателот на СЕХА, Михајло Михајловски. Имаме и желба и сила да бидеме во тоа друштво. Подготвени сме за предизвикот. Имаме и основа од РФМ, сала, подготвен тим… Заинтересирани сме и нема да ја пропуштиме шансата ако ни се пружи- вели Славче Гошев, претседателот на Зомимак М.

    Идејата за вклучување на Пелистер во СЕХА лигата е стара и најмногу се турка поради името и традицијата на битолчани на овие простор. Проблем е што тие последниве сезони немаат забележителни резултати, кубурат со финансии и со  квалитетни играчи.

    Сезонава во СЕХА лигата повторно ќе играат екипи од Србија, Војводина и Партизан, потоа Загреб и Нексе од Хрватска, Ловќен од Црна Гора, Мешков од Белорусија и Татран Прешов од Словачка. Борац Бања Лука е планиран, но засега е во проблеми до гуша.