×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три златни, пет сребрени и еден бронзен медал за гимнастичарите на „Атлета“ на Државно првенство во Битола

    10.06.2024 16:07 | Оливера Пешевска

    Гимнастичарите од спортскиот клуб „Атлета“ од Куманово, освоија девет медали, три златни, пет сребрени и еднa бронзенa  во поединечна конкуренција, на Државното првенство за гимнастика, кое викендов се одржа во Битола. 

    Три златни, пет сребрени и еден бронзен медал за гимнастичарите на „Атлета“ на Државно првенство во Битола

    На првенството клубот учествуваше со 23 натпреварувачи, 9 во машка и 14 во женска конкуренција, во силна конкуренција со повеќе од 160 натпреварувачи од државата.

    Младите кумановски гимнастичари се натпреварувале во „А“ и „Б“програма во машка категорија. Разликата меѓу двете програми е во вештината и способноста на гимнастичарите за изведување на одредени вежби. Оние кои се помалку подготвени, или тренираат покус временски период започнуваат во „Б“ програмата, а со свое усовршување, напорни тренинзи, сила и мотивација стасуваат до поелитната -А категорија.

    „Во машка "А" програма второ место освоија Глигор Трајковски- помлади пионери и Калин Илијевски- постари пионери. Во „Б“ програмата, пак  Дарин Бабановски во категорија помлади пионери освои второ место, Милош Јовановиќ се избори за прво место,а Марко Величковски освои второ место во категоријата постари пионери“, изјави тренерот Филип Миленковски.

    Од 14-те гимнастичарки кои учествуваа на првенството четири освоија награди.

    „Во женската "Б" програма во категоријата деца до 7 години Анисија Станојковска освои прво место, Софија Цеков освои второ место. Во категоријата пионерки Лена Трајковска се избори за прво место, а Ангелина Блажевска- постари пионерки освои трето место“, истакна тренерот Никола Златановски.

    Во последните шест години гимнастиката во Куманово се враќа на местото каде припаѓа. Гимнастичкиот клуб „Атлета“ полека станува еден од трите најдобри гимнастички клуба во државата. Најголем проблем имаат со соодветен простор за тренирање и усовршување на вежбите на спортистите.

    „Се надеваме дека општината ќе ни излезе во пресрет, бидејќи на Куманово му е потребна гимнастичка сала. Градот има голем број на гимнастичари кои сакаат да се занимаваат со овој спорт. Искрено се надеваме дека "Соколана" може да биде целосно гимнастичка сала, само за овој спорт. Така нашиот град ќе има можност да биде домаќин на државни првенства во спортска гимнастика“, објаснува Миленковски.