Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Младите фудбалери на ФК „Еуроспорт“ Куманово, Сергеј Цветковски, Лазар Маневски и Димитриј Димитриевски во периодот од 26 до 30 октомври ќе тренираат и ќе одиграат неколку пријателски натпревари за тимот на ФК Црвена Звезда од Белград.
„Сергеј Цветковски има 10 години и е меѓу најдобрите голмани во Македонија, заедно со Лазар Маневски кој е негова генерација и е еден од најдобрите крилни напаѓачи, веќе подолго време се следени од ФК Црвена Звезда на бројни турнири на кои тимот на ФК Куманово „Еуроспорт“ настапувал во Македонија, Србија и Бугарија. Најмладиот од нив Димитриј Стефановски има само 6 години и игра како напаѓач, и иако е многу мал остави одличен впечаток на турнирот во Скопје, играјќи со една година поголеми дечиња и бил забележан од скаутите на Црвена Звезда", информираат од клубот.
„Самиот повик од реномираниот клуб од Белград претставува уште еден доказ дека Куманово располага со големи таленти, а и доказ дека тренерите правилно ги обликуваат овие наши бисери. Им посакуваме успешни настапи на дечињата од ФК Куманово Еуроспорт и се надеваме дека во иднина ќе ги гледаме во дресот на Црвена Звезда“, додаваат од „Еуроспорт“.