Турнир во ракомет “Карпош 2015“
06.06.2015 16:50
| KumanovoNews
Во спортската сала на основното училиште “Христијан Карпош“, во недела ќе се одржи турнир во ракомет за младински категории “Карпош 2015“.

Ракометниот клуб Христијан Т.Карпош од Куманово и Општинскиот сојуз на спортови, ги повикуваат заинтересираните да дојдат и да го проследат настанот во период од 11 до 16 часот.
Мотото на турнирот е “Куманово сака ракомет“, а ќе се натпреваруваат клубови од Македонија.