Мени

Турнир во шах за војници, полицајци и пензионери

19.09.2013 09:22 | KumanovoNews

 Во петок во просториите на Здружение на пензионери Куманово ќе се оддржи традиционален шаховски турнир.

Турнир во шах за војници, полицајци и пензионери

На настанот ќе учествуваат претставници од АРМ, МВР, пензионери и членови на Здружение на армиски и полициски ветерани.

Со овој турнир ќе биде одбележан Денот на пензионерите. Почетокот на турнирот е закажан за 10 часот.