×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училиштето „Крсте Мисирков“ првак на општинската и зонската кошаркарска лига

    07.12.2024 11:32 | Оливера Пешевска

    ООУ „Крсте Мисирков“ е победник на кошаркарската лига на училишен спорт во Куманово, но успеа да го освои и зонскиот турнир.

    Училиштето „Крсте Мисирков“ првак на општинската и зонската кошаркарска лига

    Со овие успеси се квалификуваше за учество на регионалниот натпревар, кој би требало да се игра во второто полугодие.

    „Доколку и таму успееме да победиме тогаш ќе учествуваме и на државниот натпревар. Секако дека сме горди, но не можеме да прогнозираме за понатаму, затоа што не ги знаеме екипите против кои би требале да играме“, истакна Марјан Нојковски, претседател на Општинскиот соујз на училишен спорт (ОСУС) Куманово.

    На второто место се пласираше тимот од „Наим Фрашери“, а на трето „Кочо Рацин“. За првопласираните се обезедени пехари и дипломи.

    Динамиката на натпреварите е диктирана од националниот календар за зонски и државни натпревари, па стриктно се придржувале до однапред подготвениот распоред на натпревари. Биле одиграни 15 натпревари, до финалниот турнир за првите три места, а целокупно 19 меча.

    Во лигата за основни училишта учествувале шест тимови- „Вук Карџиќ“, „наим Фрашери“, „Кочо Рацин“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Миладиновци“, „11 Октомоври“. Помалиот број на учесници во лигата се објаснува со тоа што многу помалку деца имаат познавање од техниката, правилата на кошарката.

    „Во секое маало децата знаат да заиграат фудбал на „мали голчиња“, за кошарката потребно е малку повеќе. Улога игра и познавањето на техника на водење на топката, броење на чекори, лични грешки, престапи и слично, на што во игрите со нога не се обрнува внимание во толку голема мера“, објаснува Филип Колевски, претседател на Сојуз на спортови на Куманово.

    За машките деца најпопуларен спорт е фудбалот и футсалот, што се поткрепува со фактот дека има многу повеќе формирани тимови, со повеќе од 750 членови. Од кошаркарски тимови во Куманово постојат два, а тренираат некаде 250 деца.

    Нојковски и Колевски се надеваат дека овие проекти, за училишни лиги ќе продолжат и следната година затоа што постигнале успех во анимирање на децата да се приклучат кон училишните екипи. За тоа имале голема помош и асистенција од своите колеги, професори по физичко образование од сите училишта во градот.

    На зонскиор натпревар во Крива Паланка одиграле два натпревари, еден против комбинираната екипа на Крива Паланка и Кратово, и втората против Свети Николе/ Пробиштип.

    Надлежните сметаат дека недостасувало ваков тип на организирање на спортски училишни тимови и првенства на локално ниво, што го докажуваат со фактот дека во овој проект се приклучиле поголем број на ученици и наставници.