Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По вториот пораз на ЖРК Куманово од украинскиот првак Галичанка Лвов со резултат 31-26, кумановските ракометарки викендов беа елиминирани од ЕКФ Купот.
На гостински терен во Украина, на вториот натпревар со Галичанка Лвов, којшто се одигра во недела, кумановските ракометарки во првото полувреме покажаа подобри интервенции и беа во предност со еден гол разлика 16-15, меѓутоа во второто полувреме поради грешки во нападот, Куманово заврши со пораз од 31-26.
„Причините поради кои сме елиминирани од Европскиот куп се очигледни, ние на домашен терен не се натпреваруваме со посилни екипи, а во моментот пријателските натпревари поради коронавирусот ги изместија работите“, велат луѓе коишто го следат ракометот во Куманово.
На првиот натпревар против Галичнка, ЖРК Куманово изгуби со резултат од 33-17.
Во моментот ракометарките се подготвуваат за натпреваrите во Домашното првенство.