Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Овој викенд во Штип се одржа петото коло од Бокерската лига на Македонија каде што учествуваа 12 екипи меѓу кои и Фајтер од Куманово.
Куманово настапи со троица боксери од кои Вилијам Маневски во категорија до 57 кг изгуби во рамноправна борба, Никола Арсовски во категорија до 60 кг победи на поени и Џемаил Сакиповски победи со технички нокаут уште во самиот старт на првата рунда, додека Сакиповски во минатото коло на 07.06.2014 победи со класичен нокаут а Арсовски изгуби со прекин од страна на докторот. Високи оценки за судење доби и Николче Митевски кој сека е национален бокс судија. Следниот настап треба да бидне на 21.06.2014 на поединечно државно првенство. Со настап во оваа и претхнодното коло Фајтер почнува да потсетува на претходните сезони кога секогаш и секаде освојуваше медали.