Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Донесен е протоколот за работа на кошаркарските клубови во време на пандемија од ковид-19, односно за одржување на тренинзи и натпревари без присуство на публика.
Препораките се тренажниот процес во сала да биде поделен во три фази: инвидуален тренинг, работа во помали групи и колективен тренинг.
Мерките предвидуваат спортистите да потпишат изјава дека ќе ги почитува општите мерки за превенција од ковид-19.
„Тренинзите ќе се одржуваат со забрана од било какво друго присуство во салата, за почеток на натпреварувањето ќе биде потребен тест за ковид-19, не постар од 72 часа, при влегување во просториите ќе им биде измерена температура на сите лице. За нормална телесна температура се смета температура од 36 до 37 степени. Задолжително е да се постават средства за дезинфекција со најмалку 70% алкохол, кои треба да се користат пред секој тренинг или натпревар, секој поединец треба да има своја спортска опрема, задолжително е носење на заштитна маска на секој кошаркар што не е во игра и клубовите имаат за задача навремено да ги обновуваат залихите. Забрането е ракување, гушкање или било кој друг контакт кој е спротивен на социјалната дистанца и задолжително е зачестено миење и чистење на просториите во спортските објекти“, - стои во протоколот.
Исто така, како едни од поважните забрани се: јадење во соблекувалните, групирање после тренинзите, допирање на очите, усните и носот.
Од КФМ бараат да се продолжат тимските клупи, се со цел полесно да се одржи социјалната дистанца. Тие исто така напоменуваат дека протоколите можат да се надополнуваат во зависност од проценките на комисијата за заразни болести при министерството за здравство.
КК Куманово е единствен активен професионален клуб, кој во претстојната сезона ќе се натпреварува во првата лига.
(Д.Д.)