Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипата на Куманово утре ќе го одигра првиот заостанат натпревар од Суперлигашкиот дел од сезоната против тимот на Карпош Соколи.
Покрај целата драма која траеше неполн месец, тимовите решија да ги доиграат сите натпревари од првенството. Куманово утре ќе игра на гостински терен против тимот на Соколи, а во сабота го пречекува Кожув на домашен терен.
Карпош Соколи и Куманово се сретнаа четири пати оваа сезона. Во двата натпревари домаќините беа поуспешни, а останува да видиме дали Куманово ќе успее да го направи првиот „брејк“ оваа сезона.
Покрај сите недоразбирања, не треба да се сомневаме дека мотивацијата е на високо ниво во кумановскиот тим, па очекуваме изненадување слично на она во сабота.
Натпреварот ќе започне во 19 часот, а ќе биде пренесуван на МРТ.