Утре финалето на турнирот “Видовдан 2015“
26.06.2015 09:05
| KumanovoNews
Финалето на фудбалскиот турнир “Видовдан 2015“, ќе се одигра утре во 20 часот, на спортскиот терен кај Соколана.

Истиот ден ќе се одигра и натпреварот за трето место, и ревијалниот натпревар помеѓу ветераните на ФК “Вардар“ и ветераните на Српската заедница.
За најдобрите три екипи има пехари и медали, а пригодни награди ќе добијат најдобриот играч, стрелец и голман. Љубителите на спортот можат да присуствуваат на турнирот и да уживаат во фудбалската игра.