Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Иако ракометарите на Вардар и Металург за противник ги имаат фаворитите во гурпата за највисок плазман во елитното натпреварување сепак ќе дадат се од себе за да го завршат настапот во групната фаза со победа и да си обезбедат подобра позиција во ждрепката за осминафиналето.
Доколку денеска Вардар слави во мечот со Пари Сен Жермен, а в недела Металург е поуспешен од Барселона тогаш нашиот вицепрвак настапот во Ц групата ќе го заврши на второто место, а шампионот ќе биде трет.
Постои и варијанта Вардар да стигне до втората позиција, а за тоа повторно му треба победа во Париз, но и пораз на Металург во неделното соочување со Барселона.
Дуелот меѓу Пари Сен Жермен и Вардар се игра денеска со почеток од 18 часот, а во истиот термин утре во арената Борис Трајковски стартува мечот меѓу Металург и Барселона.