Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Швајцарецот Станислав Вавринка во Гренд Слем турнирот Австралија Опен во пет сета го совлада актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ.
Вавринка е осмиот носител на титулата кој по четири часа игра во пет сета со 2:6, 6:4, 6:2, 3:6 и 9:7 го елиминираше србинот и ја прекина тригодишната доминација на вториот рекет на турнирот.
Во полуфиналната средба, Станислав Вавринка за противник го има чехот Томас Бедих кој беше поуспешен од шпанецот Давид Ферер.
Во женските натпреварувања, пораз доживеа и србинката Ана Ивановиќ која во три сета го загуби мечот од Еужен Бушар од Канада.
На Ли од Кина која е четврта носителка на турнирот немаше никаков проблем против италијанката Флавиа Панета која ја совлада со 6:2, 6:2 и се пласираше во полуфиналето.
МАЖИ, 1/4 Финале
(8) Вавринка (Шва) – (2) Ѓоковиќ (Срб) 2:6/6:4/6:2/3:6/9:7
(7) Бердих (Чеш) – (3) Ферер (Шпа) 6:1/6:4/2:6/6:4
ЖЕНИ, 1/4 Финале
(4) Ли (Кин) – (28) Пенета (Ита) 6:2/6:2
(30) Бушар (Кан) – (14) Ивановиќ (Срб) 5:7/7:5/6:2
МАЖИ, 1/2 Финале
(1) Надал (Шпа)/(22) Димитров (Буг) - (4) Мареј (Бри)/(6) Федерер (Шва)
(7) Томаш Бердих (Чеш) - (8) Станислас Вавринка (Шва)
ЖЕНИ, 1/2 Финале
(2) Азаренка (Блр)/(5) А.Радванска (Пол) - (11) Халеп (Ром)/(20) Цибулкова (Свк)
(4) Ли На (Кин) – (30) Јуџини Бушар (Кан)