Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со натпреварот помеѓу Пинк Пантери и Партизан Белград, вчера во Спортската сала започна кошаркарскиот турнир „Растеме заедно“.
На свеченото отворање околу 1000 присутни во Спортскта сала беа претставени сите екипи кои ќе настапат овој викенд во Куманово.
Турнирот беше отворен од генералниот секретар на македонската кошаркарска федерација, Дејан Лекиќ.
Ова е еден од најсилните младински турнири кој е одигран во нашата земја. Се надевам дека ова е иднината на кошарката во Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и се разбира Македонија. Им посакувам на овие момчиња успешни кошаркарски кариери, а на гледачите да уживаат во кошарката што ќе ви ја пружи овој турнир - изјави на отворањето Дејан Лекиќ