Вечерва балканско ракометно дерби помеѓу Вардар и Металург
07.09.2013 09:51
| KumanovoNews
Првиот ракометен дерби дуел е во рамките на регионалната Гаспром лига.

Двата најголеми ракометни клуба, учесници во Лигата на Шампионите, вечерва во 20 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски" ќе го одиграат најголемото ракометно дерби.
Иако Металург е домаќин, сепак комплетната организација на натпреварот е во рацете на СЦ „Борис Трајковски“ кој одлучи цената на билетите да биде по 100 денари за сите трибини во нашата најголема сала.