Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Велосипедскиот клуб “Вело - М“ со 8 свои членови утре ќе учествува на трка во Охрид.
Ова е последна трка за шамионат на Македонија. Се очекува “Вело - М“ да ја потврди шампионската титула екипно и во категориите јуниори и сениори.
Трката ќе биде низ охридските улици по повод 76 години од формирање на велосипедскиот клуб во Охрид, 100 години од раѓањето на Благо Мостро и 120 години од Македонската револуционерна организација.
Стартот е во 12 часот напладне. Организатори се домаќините од клубот “ЕкоДром“ и Велосипедска федерација на Македонија.