“Вело - М“ најдобри на Државно ридско првенство 2014
14.05.2014 10:49
| KumanovoNews
Велосипедистите на “Вело - М“ екипно во сите категории освоија прво место на Државно ридско првенство 2014 кое се оддржа во неделата во Општина Кривогаштани, во организација на Велосипедска федерација на Македонија.

Натпреварувачите возеа од Општина Кривогаштани до Крушево и оттука до манастирот Свето Преображение.
Од сениорите злато зема Ивица Давидовски, сребро Никола Ѓукиќ и бронза Стефан Петровски. Од кадетите златен медал освои Денис Колевски и бронза Филип Додевски.
Во категорија мастер златен медал освои Зоран Ристовски.