Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Велосипедскиот клуб “Вело - М“, по вчерашната кружна трка во Охрид, ја потврди својата доминација во однос на останатите клубови и е прв на ранг - листата за Шампионат на Македонија.
Во сениорска категорија победи Зоран Ристовски, втор беше Стефан Петровски, трет Ивица Давидовски, а од јуниори победи Никола Ѓукиќ.
Трката се состоеше од 20 круга со должина од 3,5 км. Јас и Зоран Ристовски имавме огромна предност и возевме со брзина од 41 км на час, што ретко се случува во Македонија и е доста брзо. Сезоната за друмски велосипедизам заврши и јас сум победник, најдобар во сениорска категорија за 2014 година - изјави Стефан Петровски, велосипедист од “Вело - М“.
Тој досега има 4 титули од кои 2 му се за резултати постигнати во категорија сениори.