×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Велосипедистот Андреј Петровски допатува од Германија и за три дена освои две титули

    27.06.2022 21:57 | KumanovoNews

    Кумановецот Андреј Петровски допатува од Германија, освои две државни титули во велосипедизам и се врати назад. Престојуваше неколку дена во родната Македонија и за тоа време стана првак во дисциплините хронометар и друмско возење.

    Велосипедистот Андреј Петровски допатува од Германија и за три дена освои две титули

    Андреј е роден кумановец, живее во Германија и е професионален велосипедист.

    „Чест ми е да се натпреварувам за државен првак на Македонија. Секое слободно време го посветувам на велосипедизмот и редовно тренирам. На велосипед сум од мои шест години“, кажа Андреј, за сдк.мк.

    Во петокот се возеше хронометар во должина од 23 км на рел, ацијата Стоби-Неготино-Стоби, а на учесниците проблеми им правеше силниот ветер. Вчера беше државно друмско првенство на релацијата Кавадарци-Возарци-Дреново-Росоман-Кавадарци, се возеа четири круга од по 33 км или вкупно 132 км.

    Петровски ќе ја претставува Македонија на Европското првенство во велосипедизам, што ќе се одржи на почетокот на август во Минхен.

    (фото.сдк.мк)