Велосипедистот Андреј Петровски на Олимпијада во Кина
20.08.2014 12:56
| KumanovoNews
Андреј Петровски, велосипедист во велосипедски клуб “Вело - М“ учествува на Олимпијада во Нањинг, Кина.

Петровски во конкуренција на учесници од 35 земји во дисциплина хронометар освои 9 - то место, што претставува одличен резултат и успешно претставување на Куманово и Македонија.
Петровски на Олимпијадата ќе се натпреварува во дисциплина друмско возење и се очекува да постигне добри резултати. Олимпијадата е за млади спортисти до 18 години.