Видовденски турнир во мал фудбал на СЗМ
23.06.2014 13:32
| KumanovoNews
На терените на Соколана, вечерва започнува турнирот во мал фудбал, што по повод српскиот празник Видовден го организира Српската заедница во Македонија, регионален одбор во Куманово.

Турнирот се одржува по 14-ти пат.
Турнирот започнува вечерва, а ќе трае до 28 јуни. Оваа година се пријавија 8 најдобрите екипи во Куманово, кои се поделени во 2 групи. Натпреварите започнуваат од 18 часот а завршуваат во 22 часот. Ќе ги судат професионални судии. - велат од СЗМ.
Финалниот натпревар е закажан за 28 јуни во 21 часот, а за најдобрите екипи обезбедени се пехари, медали и други пригодни награди.