Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Раководството на Далас и натаму се засилува пред стартот на скратената сезона во НБА-лигата.
По ангажманот на Ламар Одом на екипата и се придружи и Винс Картер (34) со кого е потпишан тригодишен договор. Неговата плата за првата година ќе се движи околу три милиони долари.
Покрај Одом и Картер во Далас останува и ветеранот Брајан Кардинал, во меѓувреме маверикси ги напуштија Тајсон Чендлер и Карон Батлер. Пред заминување е и Џеј Џеј Бареа, кој најверојатно ќе продолжи во екипата на Минесота.
Тоа е петти клуб во кариерата на своевремено најатрактивниот и најдинамичен НБА играч, кој минатата сезона настапуваше во Феникс Санс со просек од 14 поени по натпревар.