Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонската кошаркарска репрезентација го освои второто место и сребрениот медал на Европското првенство во женска конкуренција за мали земји кое изминатите седум дена се играше во Охрид.
Во финалето, синоќа во салата „Билјанини Извори“, пред околу илјада гледачи Македонија беше поразена од Австрија 68:63.
Македонските кошаркари на 10 секунди пред крајот имаа шут за изедначување, но Славица Димовска не погоди тројка и Австријките се радуваа. Австрија го имаше водството во текот на целото финале, а по првите десет минути предноста беше двоцифрена 24:11. Македонија се приближи на само еден поен до полувремето кое заврши 40:39. Австријките повторно беа подобри во третата четвртина и се одлепија на плус осум 57:49 по 30 минути игра. Во последниот период „црвено - жолтите“ стигнаа до изедначување 63:63, но до крајот примија пет, а не постигнаа ниту еден кош.
Нашите кошаркарки Моника Гавриловска и Славица Димовска беа избрани во најдобрата петорка на турнирот, заедно со Софија Планк и Нина Суриш од Австрија, како и Ребека Торсен од Малта, која ја доби и наградата за МВП на турнирот.