Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ракометната академија Карпош - Вардар во недела ќе организира турнир во мини-ракомет кој ќе го носи името „Карпош“.
На турнирот ќе настапат две екипи од Скопје и една екипа од Виница, а сите се ракометни филијали на младинската школа на Вардар.
Турнирот Карпош беше традиционален турнир кој пред дваесетина години се играше на отворениот терен во Соколана. Овој турнир во тоа време беше меѓународен во сениорска машка и женска конкуренција а гостуваа сите екипи кои беа збратимени со Куманово - изјави тренерот во РК Карпош - Вардар, Миодраг Јовановски - Црни.
Тој истакна дека оваа година турнирот ќе биде во мини ракомет, а со текот на времето се надева дека ќе го вратат стариот сјај на турнирт.
Оваа сезона ќе започнеме со мини-ракомет, екипи кои се од 7 до 9, односно од 9 до 11 години. Се надеваме дека турнирот со време ќе прерасне во меѓународен и ќе ги опфати сите генерации. Тоа е храбро видување ако се земе во предвид дека Куманово нема сениорски машки ракометен клуб, пракитчно би немал домаќин - додава Јовановски.
Натпреварите ќе се играат во недела во салата на ОУ Христијан Тодоровски Карпош, почетокот на турнирот е закажан за 11 часот.