Вугринец втор стрелец во Лигата на Шампионите
02.06.2014 08:09
| KumanovoNews
Ракометарот на Металург Ренато Вугринец сосема заслужено застана на второто место на Топ листата на стрелци со вкупно 95 погодоци.

На првото место застана српскиот ракометар од екипата на Веспрем, Момир Илиќ со само 8 голови повеќе од Вугринец.
До почетокот на финалната средба во ЛШ на трето место беше и македонецот Кире Лазаров со вкупно 80 постигнати голови, но беше симнат од Марко Вујин од КИл.
На четврто место е левото крило на вардар Тимур Дибиров со постигнати вкупно 72 голови, додека Карачиќ со 69 гола е пласиран во првите 15 стрелци.