Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово ќе додели премија од 100.000 денари на Женскиот ракометен клуб „Куманово“ (ЖРК), за освојување на двете титули, Шампионат на Македонија и Куп на Македонија.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ова го соопшти на приемот што го организираше во нивна чест.
„Со оглед на постигнатите резултати, мене ми е чест да соопштам дека Општинскиот сојуз на спортови издвои дополнителна премија од 100.000 денари, која ќе биде доделена на Женскиот ракометен клуб. Големо е задоволството да сте градоначалник на општина каде што се постигнуваат вакви врвни спортски резултати. Сакам да се заблагодарам од името на сите граѓани што не направивте годри, бидејќи иако не бевме физички присутни во салата да ве бодриме и поддржиме, најголемиот дел од натпреварите ги следевме онлај и видовме дека го оставивте срцето на теренот. Затоа денеска фасцинантна е глетката да имате 4 пехари пред нас. Вие сте амбасадори на нашиот град и ние тоа максимално го цениме и почитуваме“, рече Димитриевски во своето обраѓање пред спортистките и стручниот штаб.
Ракометарките не го криеја своето задоволство од големиот успех и истакнаа дека е гордост да се биде дел од овој спортски колектив.
„Ние го скршивме мразот се запишавме во историјата на женскиот ракомет во Куманово, со освоен куп и првенство, па се надевма дека вакви успеси ќе продолжат не само во ракометот туку и во другите спортови“, изјави Александра Боризовска.
„Задоволство ми е што сум дел од овој клуб веќе 10 години и многу ми е мило што успејав да стигнам до дупла круна и два освоени купа. Задоволна сум од играта што ја пруживме оваа сезона и се покажавме во најдобро светло“, изјави Јована Кипријановска.
Претседателот на клубот Бобан Пејовски потсети дека како бранители на трофејот Куп на Македонија во 2019 година ветиле дека наредната година ќе донеста дупла круна и тоа го реализирале.
Тренерот Ненад Краљевски, пак, истакна дека победите не ЖРК не се случајни, бидејќи ракометарките од натпревар во натпревар го потврдувале својот квалитет, како резултат на напорната работа и голема посветеност. Голема заслуга за тоа има и стручниот штаб.
Потврда за шампионските квалитети на клубот е и тоа што има најголем број на репрезентативки ракометарки.
Општина Куманово има долга традиција во женскиот ракомет. Првиот ракометен клуб е формиран 1929 година и првите турнири се играле на отворено на игралиште на Соколана.
(С.НИКОЛИЌ)