Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Девет прволигашки екипи од денес го започнуваат натпреварувањето во 22-рата по ред натпреварувачка сезона.
Вкупно девет екипи влегуваат во борба за пласман помеѓу првите пет на табелата, обезбедување место во Супер Лигата и во плеј-оф разигрувањата.
Кошаркарската сезона започнува во 18 часот во салата "Кале" каде екипата Вардар Апаве го пречекува шампионот Работнички.
Во 18.30 часот засилената екипа на Куманово гостува во Струмица.
Додека во 19 часот минатогодишниот финалист Гевгелија ќе ги пречека кошаркарите на Фени Индустри.
Освен денеска, натпреварите од првото коло од оваа сезона продолжуваат и утре каде кошаркарите на Лирија и Пелистер ќе ги измерат силите, за остварување на нови поени на табелата.