Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Екипите кои ја поминаа првата фаза од БИБЛ лигата, оваа недела ќе ги одиграат првите натпревари во рамките на новите групи. Куманово во среда ја пречекува екипата на Крајова.
Со Романскиот претставник Куманово играше и минатата сезона во првиот дел од натпреварувањето. Тогаш Куманово беше убедливо на домашен терен победувајки со 13 поени разлика, а на гости загубија со 4 поени.
Тренер на екипата е Анѓелко Мандиќ, а во тимот има само 6 домашни кошаркари. Останатиот дел од составот го сочинуваат 4 кошаркари од Србија, 1 кошаркар од Црна Гора и еден играч од САД.
Тимот на Крајова во првиот дел од БИБЛ лигата заврши со скор од четири победи и четири пораза.
Куманово во оваа група започнува од последната позиција одкако влезе со негативен скор од 0-2.
По тешкиот пораз од Кожув во домашното првенство, Куманово ќе се обиде да се врати на победничките патеки. На натпреварот нема да настапи Урош Луковиќ кој сеуште има проблеми со кичмата.
Натпреварот се игра во среда во Спортската сала со почеток во 19 часот.