Заврши првенството за Ѓорѓи Чековски
06.09.2013 11:33
| KumanovoNews
Кошакарите на Македонија денеска ќе бидат ослабени во дуелот со Србија, одкако стигна известувањето дека Ѓорѓи Чековски има повреда на десната нога.

Чековски вчера се повреди во второто полувреме, по што после натпреварот е пренесен во Љубљана, каде после детални резултати и магнетна резонанца е константирана руптура на мускулот на десната нога.
Центарот на македонската репрезентација немаше забележан настап во првите два натпревар, но сепак е битен фактор за македонската репрезентација.