×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЖКК „Крива Паланка“ меѓу 4-те најдобри екипи кои ќе се борат за трофејот на Кошаркарскиот куп 2021

    06.05.2021 13:25 | KumanovoNews

    Женскиот кошаркарски клуб „Крива Паланка“ од  Крива Паланка за првпат во својата клубска историја се најде  во групата на четирите најдобри екипи, кои ќе се борат за трофејот на Кошаркарскиот куп  2021.

    ЖКК „Крива Паланка“ меѓу 4-те најдобри екипи кои ќе се борат за трофејот на Кошаркарскиот куп 2021

    Утре, 7 мај, во СРЦ „Кале“ се играат полуфиналните средби. ЖКК „Крива Паланка“ ќе ги одмери силите со тимот на „Бадел 1862“, а другиот полуфинален дуел е помеѓу екипите на „Вардар„ и „Баскет Кам“.

    ЖКК „Крива Паланка“ е најмладата кошаркарска екипа и најпријатното изненадување на првенството.

    „За прв пат во историјата на екипните спортови во градот,  женскиот тим на КК „Крива Паланка“ е прв сениорски женски состав кој настапил во Прва лига жени во македонската кошаркарска федерација и  оствари историски пласман во плејофот на женската лига. Со овој пласман и историски успех , покажавме дека Крива Паланка прерасна во кошаркарки град и расадник на млади спортски таленти, бидејќи на само 15-16 години ги бранат храбро боите на клубот во друштвото на најдобрите во државата, изјави тренерот Ведран Белешковски.

    Годинава, кривопаланечкиот женски клуб играше во засилен состав со две искусни кошаркарки од странство- српската репрезентативка Милена Марјановиќ и Марија Вујадиновиќ од Црна Гора, а во тренерскиот состав влезе и големиот кошаркарски стратег, Слаѓан Ивиќ, актуелен тренер во КЖК „Партизан 1953“, Белград.

    Победниците од полуфиналните дуели, ќе се борат за трофејот на натпревар што ќе се оджи на 8 мај.

    За првпат од годинава Купот го носи името на големата кошаркарска легенда Благоја георгиевски Буштур.